Италијански тренер го информирал Манчестер Јунајтед дека е подготвен да го наследи Карик

Дерби

16/10/2026

11:21

394

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед повторно е под голем притисок, а ова посебно важи за менаџерот Мајкл Карик, на кого му се заканува отказ поради слабиот почеток на сезоната.

Јунајтед освои само шест бодови на шест натпревари во англиската Премиер лига, а по разочарувачкото реми со Тотенхем, забележа пораз во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид.

Медиумите тврдат дека Карик е блиску до заминување, а во оваа насока оди и однесувањето и размислувањето на најважните играчи во соблекувалната, кои не се задоволни од менаџерот и од раководството.

Истовремено, агентите на Антонио Конте веќе го информирале клубот дека трофејниот тренер е подготвен да го прифати предизвикот, доколку Јунајтед реши да се збогува со Карик и да му даде шанса на поранешниот менаџер на Челси.

Конте никогаш не отфрли можност да се врати во Премиер лигата, а тоа посебно му оди во прилог кога нема ангажман и кога зад себе има одлични резултати, вклучувајќи го и последното скудето со Наполи.