Прогласена најтрогателната фотографија на годината: Мајка слон со сурлата носи мртво младенче

Точка

15/10/2026

15:07

382

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фотограф Федерико Веронези ја освои главната награда на престижниот натпревар „Фотограф на дивиот свет на годината“ со фотографија која буди силни емоции.

Црно-белата фотографија насловена „После сè“ прикажува женка слон во долината на реката Хуаб во Намибија како носи мртво слонче со својата сурла.

Жирито ја избра оваа трогателна фотографија од рекорден број од повеќе од 55.000 дела од фотографи од 121 земја низ целиот свет.


Приказната зад фотографијата го открива сложениот емоционален свет на овие прекрасни животни. Истрагите на локалните експерти за слонови потврдија дека возрасната женка не била биолошка мајка на мртвото младенче, туку го изгубила своето младенче две години претходно.

Експертите претходно ја набљудувале оваа женка како ги наоѓа и носи мртвите младенчиња на други женки, што укажува на извонредно ниво на емпатија и начинот на кој слоновите ја доживуваат загубата во рамките на своите стада.

За првпат во историјата на ова престижно натпреварување, кое се одржува во Лондон, главните награди во двете категории им припаднаа на црно-бели фотографии.


Изложба на 100-те најдобри фотографии од 60-тото издание на ова познато натпреварување се отвора во петок, 16 октомври, во Природонаучниот музеј во Лондон.