Воен хеликоптер се урна во Турција, потрагата по пилотот е во тек

Макфакс

24/11/2026

19:40

143

Големина на фонт

а а а

Воен хеликоптер на турските вооружени сили се урна во близина на покраината Ескишехир во Турција. Операции за пребарување и спасување се во тек, додека се очекуваат информации за состојбата на пилотот и причините за несреќата.

Воен хеликоптер се урна во централна Турција, во близина на покраината Ескишехир, објави Министерството за одбрана. Екипи се испратени на местото на несреќата и во тек е операција за пребарување и спасување.

Турското Министерство за национална одбрана објави дека остатоците од хеликоптерот се пронајдени и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.

Министерството за одбрана, според написите во медиумите, не објави податоци за можни жртви, како и за причината за падот на хеликоптерот AS-532.