Руни за потезите на Роналдо: Тоа е погрешно во секоја смисла…

Дерби

15/10/2026

13:05

393

Големина на фонт

а а а

Пораненешниот англиски репрезентативец, Вејн Руни даде свој коментар за однесувањето и потезите на Кристијано Роналдо кои ги повлече додека во фокусот беа националните тимови.

Роналдо се одлучи да ја напушти португалската репрезентација сред циклусот на мечеви за Лигата на нации и тоа откако влезе во конфлиикт со селекторот Жорж Жезус.

Потоа напаѓачот излезе со своја верзија на работите, им се извини на соиграчите, го обвини селекторот дека си го прекршил зборот и се спореди себеси со Диего Армандо Марадона и Пеле.

-Моите мисли за Роналдо се само: „Зошто?“ Беше истиот ден кога [Лионел] Меси се пензионираше од Аргентина и тој излезе од репрезентацијата на Португалија на тој начин, а потоа ја даде таа изјава… Тоа е едноставно погрешно во секоја смисла. Да го поткопаш својот менаџер, да ги поткопаш своите соиграчи на начинот на кој тој го направи тоа – беше едноставно толку погрешно. Да се ​​поткопа Португалската фудбалска федерација, сè во врска со тоа беше едноставно погрешно.

-Од фудбалска гледна точка, од соиграч и менаџер, не беше убаво да се види. Тоа се случува со секој играч. Мора да завршиш со репрезентативниот фудбал и за жал тој не се справува добро со тоа. Непријатно е да се види, -истакна Руни кој добро го познава Кристијано од времето кога настапуваа заедно во Манчестер Јунајтед.