„Фенерџијата“ во Серија А доби нов тренер: Гледам долгорочна визија, силна желба…

Дерби

15/10/2026

11:19

248

Големина на фонт

а а а

Венеција на очаен начин ја започна новата сезона во Серија А, шест порази на шест натпревари по што управата одлучи да се раздели со тренерот Џовани Стропа, стратегот кој го врати клубот во елитната италијанска конкуренција.

Потребна е нова крв, нови идеи и токму поради тоа Венеција реагираше и донесе одлука која треба да донесе резултат. Веќе е познато и кој го наследува Стропа, тоа е специјалистот за обезбедување на опстанок, вадење од тешко ситуации-Давиде Никола.

Никола знае да го извлече најдоброто од вакви екипи и да ги однесе над цртата, примери за тоа се Кротоне, Џенова, Салернитана и Калјари.

-Ја избрав Венеција затоа што гледам долгорочна визија, силна желба да се изгради нешто значајно и значајни можности за раст во овој клуб. Присуството на директорот Антонели, кого веќе го познавав, исто така одигра одлучувачка улога во мојата одлука, бидејќи ме натера да се чувствувам посакуван. Го гледав тимот како игра на овие први натпревари и видов позитивна хемија меѓу играчите.

-Што се однесува до мене, јас сум неверојатно ентузијастичен и гладен за успех. Имам огромна желба да се вратам на теренот и да ја постигнам нашата цел за обезбедување опстанок. Во мојата професија, најважно ми е способноста да создавам емоции и да пишувам поглавја од историјата што ќе го издржат тестот на времето. Тоа мора да биде нашата цел и мора да ја постигнеме заедно со нашите навивачи, -порача Никола кој доби договор до 2028 година.