Македонската ракометна репрезентација во иднина ќе може да смета на услугите на Дмитро Хориха, левиот бек кој сега е дел од унгарски ПИК Сегед.
Тој беше одличен во редовите на Вардар 1961, доби македонски пасош и беше само прашање на време кога официјално ќе добие зелено светло од ИХФ за да има право за настап за нашата селекција.
Сега се е решено и Хориха ќе му биде на располагање на селекторот Кирил Лазаров кој верува дека бекот има квалитети од кои може да имаме корист.
-Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи, -истакна Лазаров кој најави дека списокот на повикани ракометари за квалификациите за ЕП ќе биде објавен на почетокот на следната седмица.








