Витиња за „случајот“ Роналдо и Жезус: Тоа беше хаотична репрезентативна пауза…

Дерби

15/10/2026

10:06

169

Големина на фонт

а а а

Португалија имаше успешен настап во Лигата на нации, четири победи на четирите натпревари кои се одиграа во септември и октомври, но ова падна во втор план поради конфликтот меѓу селекторот Жорж Жезус и капитенот Кристијано Роналдо.

Ситуацијата ескалираше и Роналдо дури ја напушти репрезентатиција без одобрение и за тоа е санкциониран, па останува да се види дали ова ќе се реши до следниот „прозорец“ и дали искусниот напаѓач ќе се врати во националниот тим.

Витиња од прв ред можеше да ги испрати сите овие случувања и сега даде свое мислење притоа не заземајќи страна.

-Тоа беше хаотична репрезентативна пауза. Полна со емоции. Од моја страна, се надевам дека сè ќе се среди на најдобар начин. Да се ​​врати и сè да испадне во ред. Вистината е дека тоа е она што сите го сакаме. Се надевам дека ќе се врати и сè ќе се среди, -порача фудбалерот на ПСЖ за „ТНТ Спортс Бразил“.