[ФОТО] Суперкомпјутер ја предвиде завршната титула во ПЛ, шампионот и вицешампионот ќе освојат над 80 бодови

Дерби

15/10/2026

08:28

194

Големина на фонт

а а а

Шест кола се одиграа, остануваат уште триесет и две во англиската Премиер лига што доволно говори колку има простор за промени во однос на сегашниот статус на екипите во натпреварувачката 2026/2027.

Манчестер Сити е единиствениот клуб со максимален број на бодови во оваа фаза, шампионот Арсенал е веднаш зад него по што до петтата позиција следуваат Брајтон, Брентфорд и Евертон што е навистина интересна и неочекувана ситуација.

Останува да видиме како ќе се движат работите во продолжението од сезоната, но во меѓувреме имаме нова прогноза, предвидување на Суперкомплјутерот за тоа како може да изгледа завршната табела за оваа година во Премиер лигата.


Ако ова се оствари, Англија ќе добие нов шампион во името на Манчестер Сити со 86 бода, пред „топчиите“ со 81. Многу далеку ќе бидат трето и четвртопласираните Челси и Ливерпул со 65 и 64 поени.