Жељко Обрадовиќ се врати на добро познато место, но сега како ривал на Партизан на клупата на Панатинаикос.
Клубот од Атина ја оправда улогата на фаворит и славеше во Белград со 72:55 и со тоа ја продолжи импресивната серија на резултати во Евролигата. Сега ПАО има пет од пет и е осамен на врвот во најсилното кошаркарско натпреаврување на стариот континент по поразот на Валенсија од Олимпијакос.

Partizan’s PR accidentally starts introducing Željko Obradović as the head coach of Partizan. 😂
#kkp #paobc https://t.co/oSRqXm3j6S
— Basketball Sphere (@BSphere_) October 13, 2026
Обрадовиќ беше фантастично дочекан од навивачите на Партизан, плус неговиот тим победи значи имаше многу причини за задоволство, па и тој не можеше да оддолее на еден лапсус на потпаролот на „црно-белите“ Иван Ивковиќ.
-Господин Жељко Обрадовиќ, тренер на Партизан, -истакна Ивковиќ кој веднаш се поправи, но тоа веќе донесе насмевка кај Зоц, но и кај сите присутни во прес центарот.