Кривична пријава за полициски раководител, не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

Макфакс

13/10/2026

13:30

212

Големина на фонт

а а а

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против раководител на смена поради непостапување во случај на возач со истечена сообраќајна дозвола.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот А.Љ., на работно место раководител на смена во ПС за ГП Јажинце при РЦ за ГР Север, на 27.06.2026 одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

ОВККИПС против А.Љ. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.