Ограбен Турчин на паркинг во Центар: три лица насилно му одзеле пари и клуч од автомобил

Макфакс

12/10/2026

15:59

225

Големина на фонт

а а а

На паркинг во скопски Центар три лица насилно одзеле пари и клуч од патничко возило од 27-годишен Турчин. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, 27-годишниот Турчин О.О. пријави дека околу 23:40 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, три лица со употреба на физичка сила му одзеле пари и клуч од патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.