Мицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме, да поврзуваме и да создаваме нови можности!

Макфакс

12/10/2026

11:40

139

Големина на фонт

а а а

Почетокот на изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево претставува важен инфраструктурен проект за целосно поврзување на Скопје и Охрид, со што се очекува побрз транспорт, поголема безбедност и економски развој на Македонија.

Денес e почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, уште еден значаен инфраструктурен проект и важен чекор кон нашата голема цел, целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, извести преку социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски.


„Со реализацијата на проектите Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево, ја создаваме инфраструктурната основа за побрз транспорт, поголема безбедност, нови инвестиции и посилен економски развој на Македонија.

По години одложувања и изгубени можности, Македонија заслужува дела, а не изговори. Додека опозицијата продолжува со празни критики и политички препукувања, нашиот одговор се конкретните проекти што ќе им служат на граѓаните и на идните генерации.

Делата се нашата одлика, а развојот на Македонија е нашата обврска! Македонија се гради, се поврзува и оди напред!“, додава Мицкоски.