Мекинро нема дилеми кој е најдобриот тенисер на сите времиња: Ги сакам…

Дерби

12/10/2026

11:24

302

Големина на фонт

а а а

Џон Мекинро е едно супер познато тениско име, ас кој остави свој печат и трага во светот на белиот спорт, тенисер кој низ кариерата освои 77 титули и своевремено беше најдобар на светот.

Сега Американецот го гледаме во улога на стручен аналитичар, коментарот и негово присуство дефинитивно е повеќе од драгаоцено затоа што се работи за човек кој има одбележано една ера, па дефинитиво има право да даде одговор на прашањето кое секогаш е интересно за пошироката јавност, кој е најдобриот и најголемиот рекет во историјата на оваа игра.

Седумкратниот грен слем шампион нема дилеми и неговиот глас оди кај Новак Ѓоковиќ.

-Новак е неверојатен играч. Веројатно најдобриот на сите времиња. Морам да го признаам тоа, иако ми се допаѓаат и Рожер Федерер и Рафаел Надал, -смета Џон кој смета дека е импресивно тоа што Новак го прави на оваа возраст.

-Фактот дека Новак продолжува да игра со таков борбен дух и желба е неверојатен. Дури и по поразот во првото коло на Ју-Ес Опен. Тој играше во финалето на Отвореното првенство на Австралија, полуфиналето на Вимблдон, до неодамна беше трет или четврти во светот… Сето тоа е извонредно, -порачува Мекинро.