Со дуелот меѓу Ковентри и Њукасл кој ќе се одигра вечерва од 21 часот ќе се комплетира шестото коло во Премиер лигата, прво по долгата репрезентативна пауза од три седмици.
Победата на Сити над Ливерпул на „Енфилд Роуд“ е ударна вест кога е во прашање оваа рунда, триумф од 3-0 со кој „граѓаните“ го задржаа максималниот учинок. Овој триумф на „граѓаните“ добива на уште поголемо значање ако се земе притисокот кој сега се прави по одлуката дека клубот ги кршел финансинските правила во ПЛ во периодот од 2009 до 2018 и додека најголемиот дел од јавноста говори за казната и како Сити треба да биде санкциониран тие најавија дека ќе се борат, вложена е жалба и процесот се уште е жив.
Избраниците на Мареска беа „топло“ пречекани во Ливерпул, ама и тоа не им беше проблем да го суредат домаќинот особено откако истиот беше без неколку важи играчи, а црвен карто заработи и Гравенберх по што „црвените“ комплетно се распаднаа.
Џејми Карагер како стручен аналитичар ги следи случувањата и има што да каже за Сити, ситуацијата во која се наоѓа, но во исто време истакна дека тој состав заедно со Арсенал се далеку пред сите и меѓу нив ќе се бара англискиот шампион.
-Навивачите на Манчестер Сити ќе бидат воодушевени, секако дека ќе бидат. За оние навивачи кои го сакаат својот фудбалски клуб, ова ќе биде еден од одличните денови на кои сите ќе се сеќаваат бидејќи имаа забава тука. Но, на некој начин мислам дека чувството околу Манчестер Сити ќе расте уште повеќе, колку повеќе победуваат. Сите очајно сакаа да изгубат денес, поголемиот дел од земјата беше така, а навивачите на Манчестер Сити ќе го бранат својот клуб, го разбирам тоа.
-Но, чувството низ целата земја ќе продолжи да расте додека ова не се среди, а ова треба да се среди и за Манчестер Сити, не може постојано да се одложуваат работите. Ни треба решение што е можно поскоро бидејќи гледаме натпревар и не сме сигурни што всушност значи во иднина и се прашуваме дали воопшто ќе има некаква разлика за Манчестер Сити или за трката за титулата со Арсенал.
-Тие се убедливо двата најдобри тима, го знаеме тоа, и никој друг нема да се натпреварува со нив за титулата. Сакаме секој натпревар да биде важен, но во моментов тоа не е важно, -истакна Џејми кој смета дека е тешко во оваа фаза да се каже дали Сити има предност пред Арсенал.
-Рано е тоа да се каже. Но, она што би го рекле од гледна точка на Манчестер Сити е дека тие победија на два од нивните најтешки места, Енфилд и Олд Трафорд, и победија во многу тешки околности. Јас сум голем фан на Енцо Мареска, отсекогаш сум бил. Се сеќавам како дојде тука со Челси во неговата прва сезона кога Ливерпул ја освои лигата, а Мареска беше фантастичен тактички.
-Беше очигледно дека дефинитивно може да се справи на ова ниво. Потоа ќе помислите како Челси го победи ПСЖ на Светското клупско првенство, тие играа против најдобриот тим во светот. Сметав дека беше одлично назначување за Манчестер Сити, тие имаат врвен менаџер таму. Којзнае колку долго ќе трае тоа со оглед на ситуацијата, но секогаш знаевме дека имаат одлични играчи, -заврши некогашниот англиски репрезентативец.











