[ВИДЕО] Трамп со една реченица кажа сè за својата политика: „Можам да ги кажам и најглупавите работи, а вие ќе ми аплаудирате“

Точка

12/10/2026

10:44

336

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред приврзаниците на неговата политика во Тенеси, при што посебно се осврна на фактот дека неговите гласачи го следат и го поддржуваат во секој потег што го прави.

Тој се појави на собир во Кларксвил, на околу 80 километри северозападно од Нешвил, со цел да ги промовира републиканските кандидати пред изборите за Конгресот на САД.

„Што правам јас во Тенеси? Не морам да водам кампања овде. Победив во вашата држава со многу, многу, многу поени предност. Со некоја смешно голема разлика. Секогаш“, рече Трамп.


Тој повторно го изнесе и тврдењето дека еден изборен циклус бил „наместен“.

„Значи, трипати победив на избори, трипати на големи избори. Вториот пат ме измамија затоа што мамеа. Мамеа. Не смееме да дозволиме тоа повторно да се случи“, наведе тој.

Потоа истакна дека во просторијата во која го држи говорот ја чувствува љубовта на присутните, по што собраните почнаа да скандираат „Трамп, Трамп, Трамп“.


„Не, вистина е. Не, постои таква љубов. Ова е неверојатно. Кога ќе застанете овде, чувството е како да сте опкружени со љубов. Можам да ги кажам и најглупавите работи, а вие ќе ми аплаудирате. Толку многу го сакам тоа – вистина е“, порача американскиот претседател.

Сепак, Трамп рече дека тој зборува исклучиво за работи што имаат смисла.

„Зборувам за работи што имаат смисла и веројатно се главно конзервативни. Но, тоа не е баш конзервативно; тоа се работи засновани на здравиот разум“, рече тој.