На булеварот Јане Сандански во Скопје беше блокиран сообраќајот од страна на неколку возила. Повиканите лица се казнети поради сторен сообраќаен прекршок, во врска со видеото кое се прошири на социјалните мрежи.
Во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, вчера во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се 28-годишниот Д.Г. кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, 25-годишниот М.П. кој го управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, 48-годишниот Љ.Б. кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и 23-годишниот С.С. кој управувал патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки.
Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби.








