Маркез најбрз и покрај падот во Сепанг, Мартин запре по само три круга

Точка

30/10/2026

12:30

239

Големина на фонт

а а а

Марк Маркез ја заврши петочната попладневна сесија во Сепанг на првото место, пред Алекс Маркез и Аи Огура. Хорхе Мартин, кој се врати со повреден зглоб, направи само три круга.

Марк Маркез беше најбрз на петочниот попладневен тренинг во Сепанг, на 30 октомври, иако претходно падна во последниот свиок. Возачот на Дукати се врати на патеката и со круг од 1:57.000 го презеде првото место.

Зад него заврши неговиот брат Алекс Маркез, а Аи Огура со подобрување во финишот стигна до третата позиција. Педро Акоста и Фабио ди Џанантонио ја комплетираа првата петорка.

Хорхе Мартин на ГН на Австралија, пред враќањето во Малезија. Фото: MotoGP

Мартин ја прекина сесијата и го чека Q1

Хорхе Мартин направи само три круга во попладневната сесија. Претходно, по утринскиот тренинг и дополнителниот лекарски преглед, доби дозвола да настапи во Малезија, шест дена по повредата на зглобот во Австралија.

Според официјалната информација на МотоГП, Априлија реши да се фокусира на неговото закрепнување за сабота, во согласност со медицинскиот директор Анхел Чарте. Мартин треба повторно да ја процени состојбата на следниот слободен тренинг.

Бидејќи не влезе меѓу најбрзите десет, ако продолжи со настапот ќе мора низ првата квалификациска сесија — Q1. Во Q1 останаа и Франческо Бањаја и Жоан Зарко, кои паднаа во завршницата на петочниот тренинг.

Извори: MotoGP — извештај од тренингот и официјална информација за Мартин.