[ВИДЕО] Две разорни торнада ја погодија Сицилија: Огромен вртлог креваше автомобили во воздух

Точка

09/10/2026

20:43

789

Големина на фонт

а а а

Повеќе лица денеска се повредени кога две пијавици ја погодија областа Трапани во Италија, предизвикувајќи голема штета на објектите. Пијавицата го погоди подрачјето околу пристаништето во Марсала и помина низ делови од областа Трапани, јави агенцијата „Ansa“.

Во Марсала беше погодено училиште, а неколку лица се повредени, додека во градот Петрозино пијавицата зафати автомобил и го фрли во дол, при што две лица се повредени и пренесени во болница. Директорот на училиштето во Марсала, Леонардо Гулота, изјави дека зградата била уништена во налетот на пијавицата.

„Пијавицата директно го погоди подрачното училиште во Теренове и целосно го уништи. За среќа, немаше повредени меѓу персоналот, а пред сè ни меѓу децата, здобиени се само полесни гребнатини“, рече тој.

Во моментот кога поминала пијавицата, во училиштето имало 273 деца. Вртлозите се формирале на море и се движеле кон копното, наведе агенцијата. Денеска е на сила портокалово предупредување за временски непогоди во регионите Лацио и Кампанија поради можни поројни дождови. Патиштата во областа Кремона се поплавени по силно невреме со грмежи.