Серија закани за бомби во училишта во Србија, наставата прекината во повеќе градови

Макфакс

09/10/2026

12:00

188

Големина на фонт

а а а

Во Србија се регистрира серија закани за бомби во училишта, поради што наставата е прекината во повеќе градови, а учениците евакуирани додека полицијата извршува проверки.

Училиштата низ Србија денеска добија закани за поставени бомби. Учениците беа евакуирани, а полициски екипи вршат проверка на објектите.

Во Лесковац беа евакуирани ученици од пет основни и едно средно училиште. Локалната полициска управа потврди дека заканите, како и во претходните случаи, биле испратени преку електронска пошта. Меѓу институциите каде што е прекината наставата се Музичкото училиште во Лесковац и Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Вучје.

Од утринава, пријави за поставени експлозивни направи пристигнаа и во бројни основни и средни училишта во Јужнобачкиот округ. Пораките биле испратени на официјалните електронски адреси на училиштата.

Наставата беше прекината и во неколку училишта во Белград. Во Нови Сад, поради слична закана, беше евакуирано Основното училиште „Вук Караџиќ“.