Вардар претрпе пораз и на третиот натпревар кој го одигра во Лигата на шампиони, а вториот неуспех на домашен терен посебно го погоди Иван Чупиќ поради сцените по крајот на средбата.
Вардаровите навивачи им дадоа поддршка на играчите и стручниот штаб по поразот од Висла Плоцк во „Јане Сандански“, па токму овие сцени го натерале Чупиќ да се чувствува засрамено, посебно поради фактот што знае на какви успеси беше навикнат клубот во минатото кога се освојуваа европски титули.
Чупиќ ја презема одговорноста за новиот пораз и нагласи дека тој е виновен поради погрешна подготовка и тактика за мечот, но и порача дека е лут и тажен како никогаш досега во тренерската кариера.
– Овојпат чувството е поинакво во споредба со натпреварите со Мелсунген и Нант, ова е нешто друго. Преовладува и лутина и тага, но и разочарување кај мене. Многупати сум бил дек во полна сала во Скопје, како играч, а сега и како тренер. Да бидам искрен, ќе ми беше полесно ако навивачите не исвиркаа и си заминеа.
– Јас сум одговорен за тимот и не сакам да ги разочаруваме овие навивачи, кои останаа по мечот за да ни дадат поддршка. Видов како не поздравија нас, како ги поздравија играчите на Висла и ми дојде срам од тоа. Чувствотото е лошо и се чувствувам нерасположено, ретко кога ми било вака. Навивачите останаа да не поддржат после лош натпревар и тоа доста ме погоди како човек, – изјави Чупиќ.








