Во делови од Општина Карпош денеска ќе има прекин во снабдувањето со вода поради поврзување на нова водоводна мрежа и уличен дефект на улицата Ванчо Мицков.
Денеска без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Карпош.
„Поради поврзување на нова водоводна мрежа и уличен дефект ф-125мм на ул.Ванчо Мицков 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ванчо Мицков и дел од Демир Трајко (општина Карпош)“, информира РЦУК – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.








