Во Скопје е пријавено разбојништво кога женско лице употребило физичка сила и одзело пари од маж, а потоа друго лице му се заканило со остар предмет. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари.
Имено синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на кеј „Димитар Влахов“, едно женско лице со употреба на физичка сила му одзело пари, а потоа едно машко лице му се заканило со остар предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








