Барселона следи фудбалер на Фулам кој блеска на 19-годишна возраст

Дерби

08/10/2026

13:08

421

Големина на фонт

а а а

Англиските фудбалери во последно време станаа интересни и за Барселона, па по позитивното искуство со Маркус Рашфорд, во клубот сезонава пристигне Ентони Гордон, кој во почетниот дел од сезоната ги оправда очекувањата на клубот и фановите.

Скаутите на шпанскиот клуб внимателно следат што се случува во Премиер лигата, а Барселона веќе е сериозно заинтересирана за фудбалер на Фулам, кој сезонава работи со Алваро Арбелоа.

Се работи за 19-годишниот Џош Кинг, офанзивен играч за врска кој импресионира со својата брзина и техника и најавува голема битка на европските великани за неговиот потпис.

Цената на Кинг веќе скокнала до 60 милиони евра и очигледно има потенцијал за дополнителен раст, а Барса е меѓу клубовите кои ќе се обидат да го приклучат на својот проект во иднина.

Кинг потекнува од младинската академија на Фулам, а настапува и за У-21 репрезентацијата на Англија.