Сара Џесика Паркер (61) уште еднаш докажа дека вистинскиот стил со годините станува само подобар, а нејзиното најново издание нè освои од повеќе причини.
Прославената актерка се појавила во Њујорк и веднаш го привлекла вниманието со романтичниот фустан од тил, инспириран од балерините, кој потсетил на нејзиното легендарно алтер его Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“.
Сепак, овојпат нејзината коса била она што го „украло“ шоуто при пристигнувањето на есенската гала-вечер на Њујоршкиот балет за 2026 година, одржана на плоштадот Џози Робертсон во рамките на Линколн центарот. Иако не е реткост токму таа да воодушеви кога станува збор за фризурата, овојпат се надминала себеси.

Сара гордо ги покажала своите природни побелени влакна и на едноставен начин ја споила високата мода со самоуверен и модерен изглед на побелената коса.
Како што наведува „ИнСтајл“ актерката и продуцентка се одлучила за издание во „balletcore“ стил, носејќи бледорозов фустан со нежен цветен вез и розови ленти вкрстени како детали од балетска опрема.

Го комбинирала со нежни висечки бисерни обетки и ѓердан со дијамантски приврзок. Носела бела чанта, а изгледот го заокружила со светкави чевли со шпицест врв.


Сепак, нејзината раскошна фризура била она што најмногу го привлекло вниманието. Паркер додала долга лента за коса што ѝ се спуштала по грбот. Додека самата плетенка била со потемна нијанса, коренот на косата бил прошаран со побелени влакна, создавајќи впечатлив контраст.








