[ВИДЕО] Интернетот жестоко дебатира за парот на натпреварот на Меси: „Аргентинска верзија на „Coldplay“ моментот“

Точка

07/10/2026

20:18

730

Големина на фонт

а а а

Снимка од прошталниот натпревар на Лионел Меси за аргентинската репрезентација се прошири на социјалните мрежи поради непријатен момент на трибините. Камерата во еден момент снимила млад пар, а девојката нагло се оддалечила од момчето штом сфатила дека ги прикажуваат на големиот екран.

Непријатниот момент се случил на стадионот „Estadio Monumental“ пред повеќе од 80 илјади гледачи, во пресрет на пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Бенин. На снимката се гледа како девојката ја трга раката на момчето од своето рамо, по што ја поправа косата и му кажува нешто.

Снимката веднаш предизвика шпекулации

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а корисниците почнаа да нагаѓаат зошто девојката толку нагло се оддалечила. Многумина се пошегуваа дека станува збор за аргентинска верзија на „Coldplay моментот“.

Станува збор за вирална снимка од концертот на „Coldplay“ од јули 2025 година, кога на големиот екран се појавија тогашниот директор на технолошката компанија „Astronomer“, Енди Бајрон, и неговата колешка Кристин Кабот, која во компанијата била задолжена за човечки ресурси.

Откако сфатиле дека камерата ги снима прегрнати, нагло се разделиле и се обиделе да се сокријат од погледите на публиката, што предизвикало лавина реакции на интернет.

„‘Coldplay Kiss Cam’ момент на прошталниот натпревар на Лионел Меси“, напишал еден корисник под новата снимка од Аргентина.

„Изгледа како намерно да се оддалечи штом забележа дека е во кадар“, коментирал друг, додека третиот накратко му порачал на момчето: „Сочувствувам со тебе, брате“.

„Уф, ова е непријатно“, „Да беа постари, можеби и би помислила дека се љубовници, вака тешко“ и „Кутрото момче“, беа уште некои од коментарите.


„Можеби само сакала да ја поправи косата“

Сепак, не сите во нејзината реакција видоа нешто сомнително. Дел од корисниците сметаат дека објаснувањето е многу поедноставно и дека девојката се оддалечила само затоа што сакала да ја поправи косата откако сфатила дека камерата ја снима.

„Дали сум наивен ако мислам дека само сакаше да ја тргне раката за да може да ја поправи косата?“, прашал еден корисник.

Што всушност се случило меѓу парот од снимката не е познато, но неколку секунди од трибините беа доволни социјалните мрежи да започнат со своите теории.