Русија негира дека бродовите погодени во близина на Бугарија биле нејзини цели

Макфакс

07/10/2026

17:00

193

Големина на фонт

а а а

Русија негира дека бродовите „Алфа ватан“ и „Абл“ погодени во близина на Бугарија биле нејзини цели, додека истрагата за националноста на нападнатите бродови сè уште е во тек. Украинскиот претседател ја обвини Русија за нападите и ја негира можната вклученост на украинските сили.

Бродовите „Алфа ватан“ и „Абл“ не беа меѓу целите погодени од руските вооружени сили ноќта на 6 октомври.

Ова го соопшти руската амбасада во Бугарија за Бугарското национално радио, повикувајќи се на информации објавени од Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во ставот се наведува и дека за да се утврди националноста на беспилотните летала што се користат за напаѓање на бродовите, потребно е да се почекаат резултатите од истрагата.

Двата брода беа погодени од беспилотни летала ноќта на 6 октомври, во бугарската ексклузивна економска зона на Црното Море. Бродот „АЛФА ВАТАН“ потона за помалку од три минути и не беа пронајдени преживеани, иако блискиот бугарски брод „Диоскурсија“ дојде на помош, пишуваат бугарските медиуми.

Морнарите на „Абл“ беа спасени, а двајца од нив беа повредени во нападот. Бродот превезувал жито од Украина, а морнарите претпоставувале дека бил погоден од руски беспилотни летала.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа негираше дека украинските вооружени сили спроведуваат какви било операции во областа и ја обвини Русија за нападите.