Андриј Шевченко имаше блескава фудбалска кариера во која освои многу индивидуални и колективни трофеи, но неговиот син Кристијан барем засега има многу потежок фудбалски пат.
На возраста на која неговиот татко веќе беше ѕвезда на Динамо Киев и навестуваше голема кариера, 21-годишниот Кристијан Шевченко прифатил понуда од англиски седмолигаш.
Кристијан кој порасна во Англија, претходно беше член на младинските академии на Челси, Тотенхем и Вотфорд, но сега ќе настапува за нисколигашот Шолинг.
Екипата е од Саутемптон и се обидува со нова трансфер стратегија да го подобри квалитетот и да го привлече вниманието на спонзорите, со што Шолинг би се обидел да стигне до резултати за напредок во повисоките дивизии.
Додека Кристијан се докажува во Англија, вреди да се спомене дека неговиот татко покрај за Динамо, настапуваше и за Милан и Челси, а ја освои и „Златната топка“ во 2004 година.








