Килијан Мбапе заработи повреда уште на првиот настап за француската репрезентација во Лигата на нации, но потоа заработи и многу критики од фановите на Реал Мадрид поради своето однесување во пресрет на камбекот на клупските обврски.
Иако беше потврдено дека повредата на Французинот не е сериозна, тој заработи негативни коментари поради своите посети на ноќните клубови во друштво на партнерката и најмногу поради објавеното видео од својата велосипедска тура на Алпите.
Тоа очигледно го испровоцирало и тренерот Жозе Мурињо, па вчера тој му испратил јасна порака на Мбапе, тврдат новинарите од популарната емисија „Ел Чирингито“.
За време на појадокот, Мурињо разговарал со Мбапе и во неколку реченици му посочил што мисли тој за неговото однесување и што може да очекува во иднина.
– Мора да бидеш многу дрзок за да го објавиш тоа видео.
– Да знаеш, ќе те бранам кога ќе те напаѓаат однадвор, но не и овде, – му порачал Португалецот на својот клучен фудбалер.
Според учесниците во емисијата, Мбапе се однесувал неодговорно и поради тоа што веројатно му е лут на клубот, од кого побарал, но не добил поактивна кампања во негова корист за „Златната топка“.








