Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Макфакс

07/10/2026

11:11

209

Големина на фонт

а а а

Во изминативе денови, се појавија информации дека Артан Груби понудил недвижен имот вреден над 335 илјади евра како гаранција за повраток на својот пасош, што предизвика реакции од јавноста и прашања за потеклото на имотот и политичката корупција.

Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен имот вреден преку 335 илјади евра како гаранција. Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат, велат од ВЛЕН.

„Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата? А што правеше Артан Груби додека народот ги пакуваше куферите? Тој и неговата партија го сееја коцкањето по секое маало. Црната кутија на ДУИ сега си го бара пасошот, ама има уште многу да објаснува. Заврши и на американската црна листа поради корупција и за брутално мешање во правосудството“, велат од ВЛЕН.

Од таму велат дека Албанците доволно платиле за политиката на ДУИ, со изгубени години и разделени семејства.

„Додека народот се разделуваше од децата, врхушката не се разделуваше од фотелјите. Денес Груби си го бара пасошот. Народот си ги бара децата дома“, велат од ВЛЕН.