Татјана Стојановска ја претстави новата рутина за нега со Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic

Точка

06/10/2026

16:30

187

Големина на фонт

а а а

Татјана Стојановска ја претстави својата рутина за нега на кожата, во која ја вклучува новата линија Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic. Производите се развиени како дел од пристапот на брендот кон создавање медицинска нега на кожата и намалување на видливите знаци на стареење.

Стареењето на кожата е природен процес врз кој можат да влијаат изложеноста на сонце, стресот, недостигот од сон и други фактори поврзани со животниот стил. А со текот на времето, кожата може да стане посува и помалку еластична, а фините линии да бидат повидливи.


Затоа Еуцерин ги користи најновите научни откритија поврзани со епигенетиката – област што го проучува влијанието на околината и животниот стил врз активноста на гените. Најново од Eucerin е Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic наменета за нега на кожата по 30-тата година, период кога кај дел од луѓето почнуваат да се забележуваат првите знаци на стареење.


Клучна состојка во формулите е Epicelline®, а производите од оваа колекција се развиени со патентираната Age Clock Technology. Од компанијата наведуваат дека овој пристап е насочен кон поддршка на природните процеси на кожата и намалување на видливоста на знаците на стареење.

Видеото со нејзината рутина е објавено на TikTok:

Рутината опфаќа три производи: Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic серум за лице, Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic дневен крем за лице со SPF 30 и Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic ноќен крем за лице.

Серумот е формулиран за хидратација и измазнување на изгледот на кожата. Дневниот крем содржи и SPF 30 што го прави корисен и за заштита од сончевото зрачење, додека ноќниот крем содржи Epicelline и Provitamin B5 и е наменет за употреба во вечерната рутина.

Нејзината препорака го одразува растечкиот интерес за превентивна нега, особено пред знаците на стареење да станат повидливи.