Тетовка го запоставувала и малтретирала десетмесечното бебе

Макфакс

06/10/2026

14:00

193

Големина на фонт

а а а

Во Тетово е уапсена 35-годишна жена по пријава за физичко насилство врз нејзината 19-годишна ќерка. Исто така, се истражува случајот на запоставување и малтретирање на нејзиното десетмесечно бебе.

Ноќеска во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 35-годишната З.М. од Тетово.

Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 19-годишна ќерка.

Како што пријавила ќерка ѝ, З.М. го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе. Известени се Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави.