Високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас, алармира дека Русија со своите хибридни напади ги загрозува животите на луѓето низ цела Европа, при што се забележува зголемување на обидите за саботажа и нарушувања на воздушниот простор на повеќе места.
Високата претставничка на Европската Унија
за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Русија ги загрозува животите на луѓето низ цела Европа со своите, како што изјави, хибридни напади.
„Европа забележа нагло зголемување на руските хибридни напади и обиди за саботажа, како и на повредите на воздушниот простор во последните недели“, изјави таа за новинарите во Брисел, според Ројтерс.
Како што додаде, руските ракети и беспилотни летала повторно го нарушија воздушниот простор на Молдавија во текот на изминатиот викенд.








