Во текстот се критикува работата на ВМРО и Мицкоски во изминатите две и пол години, посочувајќи економски пад, корупција во тендерите, раст на долговите и општа сиромаштија и изолација на Македонија од Европската Унија.
Две и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат, велат од СДСМ.
„Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари.
5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот.
Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан“.
За тоа време, оценуваат во опозициската партија, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците, додаваат од партијата, се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај.
„Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата.
Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот.
Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб.
Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години.
Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година“.
Според СДСМ, бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот.
И секако, како што велат, ново задолжување на грбот на народот.
„Тотален економски дебакл.
Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација.
Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ.
Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите.
„Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери“.












