Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека гласањето во Америка е корумпирано и го спореди процесот со изборите во Бразил каде резултатите брзо се објавуваат. Во Бразил, двајца кандидати се квалификуваа за втор круг, што ја предизвика дебатата за изборните системи во двете земји.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.
„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на гласачките места – на истиот ден! Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и бројни други американски градови и федерални држави, за да се утврдат резултатите, со значително помал број гласови, честопати се потребни недели за да се „постават“, односно да се пресметаат. Гласањето во Америка е корумпирано“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се квалификуваа за вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.
Потврдата дека ќе има втор круг ја објави Вишиот изборен суд (TSE), кога веќе беа обработени 96,78 проценти од гласачките кутии, а во тој момент Болсонаро имаше 47,39 проценти, додека Лула освои 44,74 проценти од гласовите.








