[ВИДЕО] Потоп за Билиќ и „коцкестите“ во Ријека: Немилосрдната Англија ја понижи Хрватска со четири гола во едно полувреме

Дерби

03/10/2026

19:26

267

Големина на фонт

а а а

Славен Билиќ направи кам-бек во хрватската репрезентација за да го наследи Златко Далиќ, но стартот на авантурата како селектор дефинитивно не оди според планот.

Тешката победа над Чешка беше најава дека работите не изгледаа најиспеглано во овој момент, потоа следеше убедлив пораз од Шпанија кој можеше да се очекува, но денешното прво полувреме во Ријека против Англија беше навистина срамно и тешко за гледање.

Домашните навивачи во неверица ги гледаа своите немоќни фудбалери во воведните 45 минути на „Рујевица“, стадион на кој Англичаните на моменти излгедаа како да имаат полесен тренинг.

Избраниците на Томас Тухел без милост ја полнеа мрежата на Ливаковиќ со речиси секоја стопроцентна шанса, па на крајот на пауза заминаа со позитива од 0:4.

Хари Кејн го отвори гол шоуто, потоа продолжи Џуд Белингам за 0:2, а голот на Ливаковиќ го дополнија Антони Гордон и Букајо Сака.