[ВИДЕО] Хаос пред СЦ „Јане Сандански“: Масовна тепачка во Аеродром, полиција и Брза помош на местото на инцидентот

Точка

31/10/2026

21:04

2.853

Големина на фонт

а а а

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата меѓу булевар АСНОМ и улицата Васко Карангелевски кај СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Од видеата што ги направи екипа на „360 степени“ може да се види дека на местото има полициски екипи, а еден од учесниците во тепачката лежи не коловозот. По кратко време на местото пристигна екипа на Брза помош кој го пренесе повредениот до здравствена установа.

За инцидентот побаравме детали од Министерството за внатрешни работи, но засега оттаму нема одговор.

Од она што може да се види во најавите за дневни настани во „Јане Сандански“ за денеска е закажан спортски натпревар. Но, не е познато дали учесниците во тепачката се навивачи на некој од клубовите или, пак станува збор за физичка пресметка од други причини.