Надал откри колку пати играл тенис откако објави пензија и шокираше со изјавата

Дерби

03/10/2026

16:24

152

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал поради големи физички проблеми беше приморан да стави крај на кариерата и да се одјави на Дејвис Купот со кој се заокружи сезоната 2024-та, а две години подоцна, Шпанецот е подготвен за кам-бек на теренот и тоа на настан кој самиот тој го организира.

По повод десетгодишнината на неговата Академија во Мајорка, Рафа и неговите соработници организираат тениски слем во неговата Академија, од кој дел ќе бидат и големи и звучни имиња како Мари, Моја, Ферер, Гаске, Тим, Фоњини и Сафим.

Надал ќе собере интересна елита во својата Мајорка за да одбележи убав јубилеј на својата Академија, а излегувањето на терен ќе биде прво за него пред камери по пауза од две години.

– На прво место, сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои дојдоа тука и прифатија да бидат дел од турнирот кој го организираме. Ова е специјално нешто за Академијата и лично сакам да им се заблагодарам на сите што позитивно одговорија, – изјави Надал, кој присутните новинари ги шокираше со признанието за неговата тениска активност.

– Нема да ме видите во препознатливото светло. Ќе видите верзија од Рафа која не е компетитивна, бидејќи речиси да немам фатено рекет овие изминати две години. Овие две седмици малку повеќе тренирав и бев среќен што го удирав топчето, бидејќи откако се пензионирав, играв само четири пати тенис по половина час или час. Најмалку важен ќе биде натпреварувачкиот дух на овој турнир, ова е прослава за Академијата. Не влегувам со никакви амбиции и со никаков натпреварувачки дух, – изјави Надал.