Македонија е домаќин на Шкотска на вечерашниот натпревар кој од 20:45 часот ќе се одржи на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Ова е можност за први голови и први бодови за нашата селекција во Лигата на нации, а да се дојде до таков резултат дефинитивно е потребна поддршка од трибините.
ФФМ ја информираше јавноста дека овој меч можат беспатно да го проследат младите фудбалери, фудбалерчиња придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.
Свое место на трибините имаат и навивачките групи кои побарале организирано присуство на натпреварот.








