Чави за лошото прво полувреме на Холандија: На паузата им се извинив на играчите

Дерби

02/10/2026

11:42

188

Големина на фонт

а а а

Холандија се извлече од незгодна позиција против Грција и со два гола во вториот дел освои бод на незгодното гостување во Солун.

Селекторот Чави Ернандез по натпреварот признал дека неговиот тим потфрлил во првото полувреме, но целосно ја преземал одговорноста за таквото издание.

– Првото полувреме го одигравме навистина лошо.

– Наместо да почнеме да создаваме шанси од самиот старт, ние не направивме буквално ништо.

– Немаше доволен интензитет, можеби и составот на екипата беше погрешен, но тоа е моја грешка. На полувремето беше тивко во соблекувалната, а јас им се извинив на фудбалерите. Им порачав дека мора да го промениме менталитетот.

– Никогаш не сум задоволен со реми, но и ваков резултат е дел од процесот. Сакаме да играме како изданието од второто полувреме, видовме две лица на репрезентацијата, но ова е само почеток, – истакнал Чави, кој на полувремето направи три замени, а ефектот на Рајндерс, Гравенберх и Ланг се почувствува и на резултатот.