Меси официјално стана сопственик на шпански второлигаш

Дерби

02/10/2026

11:36

189

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси од вчера и официјално е потврден како нов сопственик на шпанскиот второлигаш Елденсе.

Аргентинската ѕвезда за неколку дена ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на својата репрезентација, а додека федерацијата и сонародниците подготвуваат спектакл, неговиот адвокатски тим ја завршил процедурата за преземање на клубот од областа Аликанте.

Елденсе е втор шпански клуб преземен од Меси, откако претходно тоа се случи и со клубот Корнелја, кој е нисколигаш од Барселона и игра на полупрофесионално ниво.

Клубот од гратчето Елда е основан во 1921 година и најчесто е надвор од двете најквалитетни лиги во Шпанија, но сезонава се врати во Ла Лига 2 и веќе го отпушти тренерот поради слабиот старт на сезоната.

Елденсе променил дури три сопственици последната година, па во клубот се надеваат дека приказната со Меси ќе донесе стабилност, а инвестициите наскоро ќе се видат и во резултатите на теренот во шпанската втора лига.