Следува период на стабилно време: студени утра, во текот на денот сончево со максимална температура до 26 степени

Макфакс

02/10/2026

06:42

347

Големина на фонт

а а а

Во текот на деновите што следат ќе има стабилно и сончево време со студени утра и максимални температури кои ќе се искачат до 26 степени.

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.