Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

Макфакс

01/10/2026

14:00

178

Големина на фонт

а а а

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ го објави списокот на добитници за 2026 година, кои ќе бидат признати за нивниот придонес во културата, уметноста, науката и образованието.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото државно признание за животно дело за 2026 година.

Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на писателот проф. д-р Венко Андоновски.

Во областа на науката и образованието, добитници се проф. д-р Димитар Пандев, лингвист, проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, и проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

Одлуката ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница, согласно Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 октомври 2026 година во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.