Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

Макфакс

01/10/2026

12:50

174

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и навредите кон премиерот Христијан Мицкоски од страна на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупредувајќи за сериозната кризна состојба и политички притисоци во јавната комуникација.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагира на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во која го нарекува премиерот, Христијан Мицкоски, „идиот“.

„Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Почитувани, ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“?“, рече Мицевски.

Според него, ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок.

„Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. За крај, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче“, рече Мицевски.