СДММ бара одговорност за срамот со „Секси мама” и сквернавење на Македониумот

Макфакс

30/09/2026

13:30

203

Големина на фонт

а а а

Младите од СДММ повикаа на одговорност поради спорниот спот „Секси мама“ кој го сквернави Македониумот, нагласувајќи дека споменикот е културно и историско богатство кое мора да се чува.

Младите од СДММ бараат одговорност за, како што велат, срамот со „Секси мама“ и сквернавење на Македониумот.

Одговорност за срамот со „Секси мама“ и сквернавење на Македониумот

„„Секси мама“ за Македониумот, спот за 500 евра. Срамно рушење на достионството во режија на ЗНАМ и ВМРО-ОКГ! Ваков однос кон споменик на културата е недозволиво. Прво му ставија окови сега го сквернават споменот на Никола Карев и Крушевската република. Не е важно од каде е раперот, важна е содржината и суштината. А важно е кој дозволи. Одговорност мора да има. Ние, младите социјалдемократи бараме смена на директор од ЗНАМ. Спомениците се нашето културно и историско богатство, не се шиткаат за 500 евра и за Секси мама туку се чуваат“, велат од СДММ.

 

Фото/СДММ/Facebook