Марфи издвои две имиња кои можат да го предизвикаат Халанд во трката за најдобар стрелец во ПЛ

Дерби

30/09/2026

10:55

269

Големина на фонт

а а а

Зад нас се пет коло во англиската Премиер лигата, фаза во која најдобра екипа беше Манчестер Сити која одигра без грешка и освои максимален број на бодови.

Кога е во прашање листата на стрелци и тука лидер е клубот од „Итихад“ и тоа преку Ерлинг Халанд кој даде пет погодоци. Норвежанецот дефинитивно е прв фаворит за признанието „Златка копачка“, но Дени Марфи издвор две имиња кои би можеле да го предизвикаат Ерлинг во борбата на англиската фудбалска сцена.

-Мислам дека Жоао Педро е главната закана за Ерлинг Халанд поради сите квалитети што ги поседува и, што е уште поважно, кој го храни. Кога ги имаш Кол Палмер и Морган Роџерс кои го хранат секоја недела, ако останат во форма и не се во Европа играјќи еден натпревар неделно, тој ќе добива шанси, тоа е сигурно. Сепак мислам дека дури и да има брилијантна сезона, ќе заостанува зад Халанд, бидејќи (Ерлинг) има неверојатна способност да постигнува секакви голови, дури и кога не игра добро или изгледа малку надвор од натпреварот. Тој некако наоѓа начин да постигнува голови. Смешно е и неверојатно тоа што го прави.

-Другиот „црн коњ“ ако остане во форма, можеби е Хаверц, не мора да го стигне Халанд, туку да биде меѓу првите три или четири, бидејќи Хаверц е мирен финишер. Ако остане во форма, Арсенал ќе му даде шанси, плус е брилијантен во воздухот. Мислам дека би можел да биде таму горе и да го притиска Халанд, бидејќи ако Арсенал продолжи да доминира и да победува на натпреварите како што прави, а тој изгледа во форма, ќе постигнува многу голови, -вели некогашниот англиски репрезентативец.