Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Макфакс

29/09/2026

12:00

127

Големина на фонт

а а а

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 915 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини, со најголемо отстранување во општина Центар. Исто така, се изготвени записници за лица кои ги прекршиле законите за јавна чистота, а граѓаните можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад во Центарот за селекција на отпад во Карпош или да го нарачаат негово транспорт преку специјални возила.

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Најголемо количество отпад од диви депонии, според соопштеното, бил подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

„Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот“.

Од таму посочуваат дека доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, услугата можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на телефонскте броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата, како што е наведено, се наплатува според еднапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на претпријатието.