Кривична пријава против Србин: насилно отворил резервоар од „порше“ во Струга, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување

Макфакс

29/09/2026

11:10

183

Големина на фонт

а а а

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишен маж од Србија поради насилно отварање и уривање на резервоар од патничко возило „порше“ во Струга, при што ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување. Осомничениот е лишен од слобода по преземање на мерките.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик.

Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал.

По преземени мерки, тој е лишен од слобода.