Почина 70-годишен пациент со западнонилска треска, десетти смртен случај во земјава

Макфакс

28/09/2026

14:12

225

Големина на фонт

а а а

Десеттиот смртен случај од западнонилска треска во Македонија е потврден, откако 70-годишен пациент од Скопје почина на Клиниката за инфективни болести по долго лекување на интензивна нега. Во моментов, седум пациенти се хоспитализирани со оваа болест, при што двајца се во тешка состојба.

Десетти смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Викендов на Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен пациент од Скопје, кој имал повеќе придружни заболувања.

Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега, но и покрај преземените медицински мерки починал.

Во моментов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска, од кои двајца се во потешка клиничка состојба и се лекуваат на интензивна нега.