[ВИДЕО] Мадона ја претворила сцената во јавен тоалет: „Ова е најсрамниот настап што некогаш сум го видела“

Точка

28/09/2026

14:35

525

Големина на фонт

а а а

Мадона во неделата вечерта за првпат по 23 години настапи на доделувањето на наградите „MTV VMA“ и со спектакуларен перформанс ја отвори церемонијата.

Поп-иконата на сцената ги довела и Сабрина Карпентер и Чарли XCX, со кои ги извела нивните дуети.

Настапот започнал по 20-минутно одложување на телевизискиот пренос поради НФЛ натпревар. Мадона на почетокот седела на врвот на клавирот, додека Сабрина Карпентер свирела. Облечена во црн елек и чизми до колена, Мадона со неа разменувала стихови, додека Карпентер носела светкав комплет и беретка.


Потоа Мадона се симнала по скалите и го соблекла капутот, откривајќи црвено-црн корсет. Потоа танчарите ја кренале на маса која се движела околу хорот во публиката, чии членови биле облечени во бели велови.

Особено внимание привлече продолжението на настапот, кога Мадона се вратила на сцената која била трансформирана во тоалет од музичкиот спот „Danceteria“.

Од една од кабините се појавила Чарли XCX, со звуците на токму објавениот ремикс „Danceteria Afterhours“. На Мадона и Чарли им се придружиле и актерките Деби Мазар и Џулија Гарнер. За време на перформансот се појавиле и Сет Роген, Ендру Ват и Сомбр.

На крајот од спектаклот, кој опфатил две песни, Чарли ѝ порачала на публиката: „Поздравете ја Мадона!“.

Мислењата на публиката поделени

Мислењата на публиката за настапот на Мадона се поделени. Додека едни го пофалиле нејзиното враќање на сцената на „VMA“ и спектакуларната продукција, други не го криеле разочарувањето, а поединечни коментари на социјалните мрежи биле многу остри.

„Мадона не знае кога треба да се повлече. Ова е еден од најчудните и најсрамните настапи што некогаш сум ги видела. Зошто „MTV Music Awards“ се на „CBS“ по фудбалот?“, напишала една гледачка на социјалните мрежи.

Враќање по 23 години

Мадона е една од најпрепознатливите ѕвезди во историјата на „MTV VMA“ наградите. На првото доделување, во 1984 година, ја изведе познатата песна „Like a Virgin“, а во текот на следните децении настапуваше со песните „Express Yourself“ во 1989 година, „Vogue“ во 1990 година и „Ray of Light“ со Лени Кравиц во 1998 година.

Нејзиниот последен настап на „VMA“ наградите пред овогодишниот се одржа во 2003 година, кога на сцената настапи заедно со Бритни Спирс и Кристина Агилера.

Мадона оваа година ги предводеше и сите останати изведувачи според бројот на номинации за наградите, со вкупно 13 номинации. Тејлор Свифт имаше 11, Сабрина Карпентер девет, а Аријана Гранде осум номинации.

Продуцентот на „VMA“ наградите, Ван Тофлер, неколку дена пред церемонијата зборуваше за враќањето на Мадона на сцената.

„Можеме да негираме колку сакаме, но Мадона е М во „MTV“. Го знаев тоа уште оној ден кога почнав да работам таму. Таа е кралицата на „MTV“. Прави одлични спотови. Провокативна е. Секогаш нè поместуваше напред, а овогодишниот настап нема да биде исклучок“, рекол Тофлер.