Пронајдена почината 46-годишна скопјанка во Кисела Вода

Макфакс

28/09/2026

12:40

156

Големина на фонт

а а а

Во Кисела Вода вчера беше пронајдена почината 46-годишна жена од Скопје, а според лекарите од Итната медицинска помош и МВР нема видливи траги на насилство. Телото е предадено на обдукција по насоки на јавниот обвинител.

Вчера во полицијата е пријавено дека во стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Т.Д.(46) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, велат од МВР.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.